Фудбал

УЕФА пак ја казни Шкендија во актуелната европска сезона

УЕФА пак ја казни Шкендија во актуелната европска сезона

Екипата на Шкендија се најде во најновиот билтен на УЕФА, во кој забележани се имињата на екипите кои добија санкции во евро-куповите и во квалификациските натпревари во сите натпреварувања под капата на „европската куќа на фудбалот“.

Заради навивачите, тетовчани ќе платат казна од 1.500 евра во касата на УЕФА. Причината е користењето на пиротехника во гостинскиот сектор. Исто така казна за пиротехника има и за навивачите на Дрита, клубот ќе мора да плати 3.750 евра.

Натпреварот меѓу Дрита и Шкендија заврши со резултат 1-0 за домашната екипа. Претходно, УЕФА ја казни Шкендија со 20.000 евра исто така заради пиротехника и за политички пораки на меч во Скопје.

To top