Фудбал

УЕФА не дозволила одложување на мечот Англија-Грција

УЕФА не дозволила одложување на мечот Англија-Грција

Фудбалската федерација на Грција ја контактирала УЕФА со цел да го одложи мечот со Англија во Лондон, но натпреварот се одигра.

Смртта на англискиот фудбалер Џорџ Болдок кој од пред две години играше за националниот тим на Грција, ги потресе нашите јужни соседи, и сакаа да не го играат мечот со Гордиот Албион, но од УЕФА добиле одговор дека не постои можност за одложување бидејќи нема слободни термини.

На „Вембли“ имаше едноминутен молк во чест на покојниот 31-годишен играч на Панатинаикос кој се удави во базен во дворот од куќата во која што живеел.

To top