„На стадионите ќе се преземат дополнителни построги мерки за да се спречат такви инциденти“, соопшти УЕФА без да наведе за какви мерки поточно се работи.
Но Европската ќука на фудбалот ги изнесе законските последици за оние кои прават вакви инциденти.
„Сигурноста на стадионите, на теренот и во просториите е главен приоритет на УЕФА, Фудбалскиот сојуз на Германија и организаторите на ЕП. Секе влегување на терен без дозвола значи забрана за влез на сите натпревари на ЕП, а ќе има и дополнителни санкции“, истакнаа од Европската куќа на фудбалот.