Централата на европскиот фудбал (УЕФА) даде позитивна оценка за Евро 2024 пред финалето меѓу Шпанија и Англија во недела во Берлин.
-Многу, многу сме среќни со начинот на кој помина турнирот. Имаше толку многу навивачи во Германија од цела Европа кои овде се однесуваа мирно и славеа со своите тимови. Организацијата беше многу добра, натпреварите беа добри. Имаше неколку изненадувања, изјави директорот за натпреварувања на УЕФА, Мартин Кален.
Тој, сепак, призна дека влетувањето на теренот за време на натпреварите било „многу досадно“. Некои од овие акции се рекламирање и има луѓе кои плаќаат за тоа, прецизира тој.
„Роналдоманија“ е другата причина за толку многу престапници.
-Роналдо е суперѕвезда и луѓето се толку возбудени што го гледаат, што по секоја цена сакаат да направат селфи со него, објасни Кален.
Тој, исто така, го пофали железничкиот транспорт во Германија, иако „Дојче Бан“ беше жестоко критикуван за време на турнирот за доцнење и откажани возови.
Самиот тој, вели, користел возови и секогаш бил на посакуваните места 3 часа однапред.