Фудбал

УЕФА го елиминирала судијата Макели од ЕП

УЕФА го елиминирала судијата Макели од ЕП

Дани Макели налути неколку репрезентации на ЕП во Германија, а за судиската комисија на УЕФА тоа било доволно за да го испрати дома.

Холандскиот судија нема да дели правда во нокаут фазата на ЕП и веќе се вратил во Ротердам, тврдат холандските медиуми, кои индиректно потврдија дека првенството е завршено за Макели.

Елитниот судија на УЕФА се најде во центарот на вниманието поради жестоките критики од хрватскиот табор, затоа што продолжи осум минути на дуелот Хрватска-Италија, а „азурите“ израмнија во 98. минута и на тој начин ја елиминираа и Хрватска од ЕП.

Критики за Макели стигнаа и од унгарскиот табор во претходната рунда, а холандскиот судија беше обвинет дека не досудил прекршок во напад при постигнувањето на голот на Мусиала со кој Германците поведоа на таа средба.

To top