Поранешниот еквадорски фудбалски репрезентативец, Марио Пинеида, бил убиен во средата во пристанишниот град Гвајакил, објави денеска неговиот клуб Барселона СЦ.
Siempre tendrás un lugar especial en el barcelonismo, Marito, te lo ganaste por todo ese 💛 que diste.
Gracias por todo, te extrañamos.
Por siempre Mario 🙏🏻 pic.twitter.com/c4009hHMaQ
— BARCELONA S.C. (@BarcelonaSC) December 18, 2025
Триесетитригодишниот Пинеида настапи за Еквадор во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 и Светското првенство во Катар 2022. Тој ја освои титулата во еквадорското првенство со Барселона во 2016 година, а го носеше и дресот на бразилскиот клуб Флуминенсе.
Министерството за внатрешни работи на Еквадор го потврди убиството на Пинеида, додавајќи оти специјална полициска единица работи на расветлување на случајот.
Според локалните медиуми, Пинеида бил застрелан од две лица на мотоцикл, кои ја застрелале и неговата мајка и уште една жена, чии повреди се непознати.
Еквадор е погоден од раст на насилство во последните години, бидејќи соперничките банди поврзани со мексиканските и колумбиските картели се борат за контрола врз трговијата со дрога.