Фудбал

Уапсени 59 навивачи на ПСЖ во Германија

Уапсени 59 навивачи на ПСЖ во Германија

Германската полиција уапси 59 навивачи на Пари Сен Жермен пред вечерашниот натпревар со домашниот Штутгарт.

Полицијата делуваше превентивно и уапси приврзаници на гостинската екипа откако доби информација дека има договор за закажан судир меѓу две групи хулигани во самиот град.

Поради ова, полицијата им забрани влез на стадионот и на 47 навивачи на Штутгарт, за кои постои основано сомневање дека планирале судир со парижаните.

To top