Врнежите од дожд и лошите временски услови се причина за одложување на денешните натпревари групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026 за фудбалерки до 19 години. Според програмата во 12 часот требаше да почнат дуелите меѓу македонските фудбалерки и противничките од Азербејџан. Натпреварот требаше да се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, додека одложен е и дуелот меѓу Словенија и Грузија што требаше да се игра во Турново.
Натпреварите од 2.коло се презакажани за утре (сабота) 29.ноември, додека дуелите од 3.коло се играат на 1.декември. Во првото коло македонските фудбалерки до 19 години ја совладаа Грузија со 3:0.
Пласман во А дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација во групата.