Ракомет

Нови четири селекции се пласираа на ракометното ЕП 2026

Нови четири селекции се пласираа на ракометното ЕП 2026

Уште четири селекции се пласираа на Европското првенство (ЕП) 2026 во ракомет, тоа се Грузија, Шпанија, Црна Гора и Фарски Острови.

Грузија на домашен терен ја победи Грција (29-26), додека Шпанците си ја завршија задачата на гостувањето кај Италија која ја добија со 33-29. Црногорците исто така со 33-28 славеа над Финска, додека најтешко минаа Фараните кои се намачија со Косово, но победија со 25-23.

На останатите мечеви, Холандија ја совлада Украина со 35-27, Србија на гостински терен минимално беше подобра од Летонија (27-26), Романија ја изненади Португалија (28-24), додека Израел славеше над Полска (33-31). Исто така Македонија ја победи убедливо Естонија (36-17).

Од претходно, учесници на ЕП 2026 преку квалификациите се Германија, Чешка, Унгарија, Португалија, Словенија, Хрватска и Исланд, бранител на круната е Франција, додека домаќини се Норвешка, Данска и Шведска.

To top