Македонската репрезентација за фудбалерки до 17 години имаше успешен настап на силниот меѓународен турнир во Италија на кој го освои второто место.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа контролни натпревари против репрезентациите на Словенија, Албанија и домаќинот на турнирот, запишувајќи две победи и еден пораз.
Во рамките на првото коло од турнирот, македонските фудбалерки во интересен и возбудлив натпревар забележаа победа над Словенија со минимални 3:2.
Во вториот натпревар, против селекцијата на Албанија, Македонија одигра одличен натпревар и успеа да издвојува нова победа со 6:4.
Во последниот натпревар македонската репрезентација претрпе пораз од домаќинот Италија со 3:0.