Фудбал

Тухел: Знаеме кој е најопасниот во Реал

Тухел: Знаеме кој е најопасниот во Реал

Германскиот фудбалски тим Баерн Минхен има тешко гостување кај Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Томас Тухел кажа што очекува од натпреварот, но и од кој фудбалер најмногу му е страв.

Иако многумина би помислиле дека Џуд Белингам е страв и трепет за Тухел, сепак Германецот кажа дека неговиот сонародник Тони Крос ќе биде најопасен во реваншот.

„Тони со години игра за Реал. Нема доволно зборови за да ги пофалите неговите настапи. Нема проблеми со притисокот. Подготвени сме и се надеваме дека ќе го запреме“, кажа Тухел.

To top