Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, изјави дека нема да го гледа натпреварот на освојувачот на титулата во Бундеслигата, Баер Леверкузен против Вердер Бремен во недела.
-Нема да го гледам натпреварот со Леверкузен во недела. Ќе го гледам Арсенал, изјави тренерот на прес-конференцијата во петокот.
Баерн му гостува на Арсенал во среда во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Баварците се блиску до завршување на рекордната серија од 11 последователни титули во Бундеслигата. Леверкузен, без пораз во сите 42 натпревари оваа сезона, ќе ја освои првата лигашка титула доколку го победи Бремен во недела.
Но, тоа може да се случи ден претходно доколку Баерн и Штутгарт ги загубат натпреварите против Келн, односно Ајнтрахт Франкфурт.
Баерн ги загуби последните два натпревари во Бундеслигата и ќе се обиде да го победи Келн за да избегне да падне на третото место на табелата.
Тухел рече дека Мануел Нојер би можел да игра откако голманот го пропуштил тренингот претходно оваа недела. Александар Павловиќ ќе добие минутажа на теренот, а под знак прашалник е Лерој Сане.
Тренерот додаде дека нивниот фокус е Сане да биде подготвен за натпреварот против Арсенал.
Крилниот напаѓач Серж Гнабри е надвор од групата поради истегнување на мускулот.