Фудбал Борба за титулата

Тухел: Кога би ветил дека Баерн ќе стане шампион, со право би можеле да ми кажете дека сум шизофреничен

Баварците се наоѓаат на второто место во поредокот и заостануваат 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен на 10 кола до крајот на натпреварувањето.

Тухел: Кога би ветил дека Баерн ќе стане шампион, со право би можеле да ми кажете дека сум шизофреничен

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел проговори за борбата за титулата во Бундеслигата.

Баварците се наоѓаат на второто место во поредокот и заостануваат 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен на 10 кола до крајот на натпреварувањето.

-Доколку ветам дека ќе станеме германски шампиони, со право би ми рекле дека сум шизофреничен или не сум во допир со реалноста. Постои средина помеѓу предавањето и објавувањето војна. Ова се нарекува реалност. Многу зависи од тоа како вие новинарите ја известувате ситуацијата. За нас, прашањето е да се најде стабилност. За жал, ова се одолговлекува премногу долго. Мора да победуваме во континуитет, изјави тренерот на Баерн.

Баерн кој пред три дена избори четвртфинале во Лигата на шампионите, попладнево (почеток 15:30 часот) го пречекува Мајнц во 25. коло од Бундеслигата.  (МИА)

To top