Шкупи и Воска Спорт се најдоа на „црната листа“ на ФИФА како дел од клубовите кои добиваат забрана за реализирање на трансфери, но покрај прволигашите од машка конкуренција, казна има изречено и за ЖФК Љуботен.
Клубот од Тетово добива казна за регистрација на нови фудбалери во три преодни рока, казна која е идентична како онаа што ја добиваат и Шкупи и Воска Спорт.
Бидејќи казната стапува на сила од месец март, тоа значи дека трите македонски клубови нема да можат да пазарат до 2027-ма година, односно зимскиот преоден рок кој тогаш ќе биде отворен во јануари.