Фудбалерот на Реал Мадрид Трент Александер – Арнолд ќе биде надвор од теренот шест до осум недели.
Тој на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј се пожали на повреда во четвртата минута.
Станува збор за повреда на мускул на левата нога.
Трент во редовите на „кралскиот клуб“ пристигна во летниот преоден рок од Ливерпул, а досега одигра пет натпревари.