Фудбал ВЕЌЕ ПОЧНА ДА ИМПРЕСИОНИРА

Тренерот на Лајпциг воодушевен од Елмас

Тренерот на Лајпциг воодушевен од Елмас

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, започна со тренинзи со својот нов клуб РБ Лајпциг, иако има мала повреда на мускул во бутот.

Елмас со својот нов тим е на подготовки во Шпанија и не ја симнуваше насмевката од лицето, а и тренерот Марко Розе е задоволен што на располагање ќе го има Дијамантот од Скопје.

„Со Елиф, ја пополнивме празнината на позициите кои останаа празни по двете заминувања на Форсберг и Карваљо. Нашиот ростер не е широк, но полн е со квалитет. Елмас е сестран, флексибилен играч. Тој може да игра поназад во средниот ред, како офанзивен играч во средина, и на двете крилни позиции. Тој има одлична техника, а исто така се враќа назад и помага во одбрана“, изјави Розе.

To top