Фудбал

Трапановски: Голема е честа да се носи националниот дрес

Трапановски: Голема е честа да се носи националниот дрес

Кристијан Трапановски го очекува деби во националниот дрес. Одличниот играч доби повик од селекторот Благоја Милевски и изјави дека доколку добие шанса ќе ги покаже своите квалитети.

„Задоволство ми е што сум дел од репрезентацијата на Македонија. Се надевам дека ќе добијам шанса да ги покажам моите квалитети. Се чувствувам како да сум долго време тука, иако првпат сум со најдобрата репрезентација.

Нашата цел е да бидеме први и да се пласираме во следната фаза во Лига на нации. Нашиот тим е многу поквалитетен од Фарски Острови, теренот и временските услови сметам дека не треба да ни претставуваат проблем. Треба да бидеме со вистински пристап и да ги освоиме трите бода“, рече новиот играч на Данди Јунајтед.

Во првото коло гостуваме во Фарски Острови, додека Ерменија ќе ја пречекаме во Скопје.

To top