Италијанските и француските медиуми пишуваат за потенцијална размена помеѓу Јувентус и Пари Сен Жермен, во која Влаховиќ би се преселил во Париз, додека во спротивна насока би тргнал Рандал Коло Муани.
Раководството на Јувентус ја разгледува оваа можност поради неколку фактори. Договорот на Влаховиќ истекува за 18 месеци, а продолжување сè уште не е постигнато.
Неговата годишна плата од 12 милиони евра нето, највисока во Серија А, сериозно го оптоварува клупскиот буџет, додека неговиот ефект оваа сезона не ги исполнува очекувањата.