Фудбал

Трајковски се повлече, Атанасов отпадна за Ирска, но Барди и Алими остануваат

Трајковски се повлече, Атанасов отпадна за Ирска, но Барди и Алими остануваат

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска.

Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот.

Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имаат јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на дуелот.

Ослободен од обврските и веќе ја напушти репрезентативната база Александар Трајковски.

Дополнителен хендикеп за стручниот штаб претставува и повредата (адуктор) на Јани Атанасов кој по направените медицински прегледи (магнетна резонанца) нема да биде во можност да настапи на натпреварот во Даблин.

To top