Своите очекувања за утрешниот дуел против фудбалската репрезентација на Хрватска ги сподели и репрезентативниот напаѓач, Александар Трајковски кој настапува за хрватскиот клуб Хајдук Сплит:
– Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Секако дека Енис Барди, кој е преважен играч за нас, ќе ни недостасува во тимот, но јас се надевам дека секој играч кој ќе биде на теренот и ќе го замени на таа позиција, ќе го даде максимумот. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември – рече Трајковски.