Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, е пред враќање на „Олимпико“, овојпат во поинаква, функционерска улога.
Иако сè уште не се открива каква позиција би можел да преземе, Тоти потврди дека разговорите се во завршна фаза и дека договорот е блиску.„За мене Рома е мојот дом, секогаш била, дури и кога не бев таму.
Во последно време кружат разни гласини. Вистината е дека разговараме за одредени детали и се обидуваме да одлучиме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја затвориме оваа приказна“, изјави Тоти.
„Принцот на Рим“ целата своја кариера ја мина во дресот на Рома, оставајќи неизбришлива трага, тој е рекордер е по број на настапи (786) и постигнати голови (307). Со римската „волчица“ ја освои шампионската титула во 2001 година, двапати триумфираше во Купот на Италија (2007, 2008) и двапати во Суперкупот (2001, 2007).
По пензионирањето во 2017 година, Тоти стана дел од управата на клубот, но во јуни 2019 си замина по несогласувањата со тогашниот сопственик Џејмс Палота