Фудбал

Тотенхем заинтересиран за Федерико Киеза

Тотенхем заинтересиран за Федерико Киеза

Според информациите на италијанскиот„Тутоспорт“, раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем е подготвено да понуди 35 милиони евра на Јувентус за италијанскиот репрезентативец каде во трка за негов потпис се Интер, Рома и Наполи.

Киеза во моментот се подготвува индивидуално во Торино, бидејќи не замина со своите соиграчи на претсезонскиот камп во Германија.

Минатата сезона Киеза одигра 35 натпревари во Серија А, постигна девет гола и забележа две асистенции.

 

To top