Тотенхем е сериозно заинтересиран за младиот аргентински напаѓач Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, гледајќи го како долгорочна замена за капитенот Хеунг-мин Сон.
Дваесетгодишниот крилен напаѓач се смета за еден од најперспективните играчи иако има одредени проблеми со дисциплината. Тој неодамна беше вратен во составот и дури започна како стартер на натпреварот против Арсенал.
Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Гарначо, но за трансферна сума од околу 70 милиони евра.