Фудбал

Томас Тухел не помислува на оставка:

Томас Тухел не помислува на оставка:

Баерн Минхен забележа нов пораз во Бундеслигата, па веќе наголемо се пишува дека Томас Тухел наскоро ќе добие отказ или пак ќе си поднесе оставка.

Но, германскиот стратег одново ги негираше таквите шпекулации и изјави дека нема намера да си поднесе оставка и верува дека ситуацијата може да среди и тимот ќе излезе од кризата.

„Ако ме прашувате мене, јас цврсто верувам дека јас и стручниот штаб можеме да го свртиме сето ова. Притисок? Тоа се случува по секој пораз, но денес се боревме до последната секунда и не се откажавме од обидот да го избегнеме поразот“, изјави Тухел.

Баерн по поразот од Бохум од 3-2 остана на втората позиција на табелата, но сега има дури осум бода помалку од лидерот Баер Леверкузен, кој вчера победи на гостувањето кај Хајденхајм со 2-1.

To top