Фудбал

Томас Милер дефинитивно заминува од Баерн Минхен

Томас Милер дефинитивно заминува од Баерн Минхен

35-годишниот германски фудбалер и фудбалер на баварскиот клуб Томас Милер преговараше со неговиот тим за потенцијално продолжување на соработката, но досега ниту еден разговор не завршил позитивно и медиумите наведуваат дека Милер е сосема блиску до заминување од Алијанц Арена.

Се спомнува и МЛС лигата како негова нова дестинација бидејќи за спортска пензија фудбалерот сè уште не размислува.

Милер ја мина фудбалската школа на Баерн од 2000 до 2007 година. Потоа за вториот тим на Баерн настапуваше за време на 2007 и 2008 година, по што беше приклучен на првиот тим.

Вкупно за Баерн одиграл дури 495 лигашки натпревари, а постигнал 150 голови додека за репрезентација на Германија има 131 настап со 45 голови.

To top