Фудбал

Тино Куртоа ќе го пропушти натпреварот со Олимпијакос

Тино Куртоа ќе го пропушти натпреварот со Олимпијакос

Голманот на Реал, Тибо Куртоа, ќе го пропушти натпреварот од петтото коло од Лигата на шампионите против Олимпијакос, објави тимот од Мадрид.

– По прегледот од страна на медицинскиот тим на Реал Мадрид, на Тибо Куртоа му беше дијагностицирана вирусна цревна инфекција. Тој ќе го пропушти патувањето во Грција. Куртоа ќе остане под лекарски надзор, се вели во соопштението на мадридскиот клуб.

Натпреварот ќе се игра во среда во Атина со почеток во 21 часот.

Триесет и тригодишниот Белгиец има одиграно 17 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, од кои осум пати не прими гол.

Реал Мадрид е на седмото место во вкупниот пласман во Лигата на шампионите со девет бода, додека Олимпијакос е на 31. место со два бода.

To top