Голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, објави дека нема да брани за репрезентацијата на Белгија додека не се промени селектор Доменико Тедеско, но и целото раководство на федерацијата во оваа земја.
Тој не беше дел од Европското првенство, иако претходно се опорави од тешката повреда на коленото и бранеше за Реал.
„Сакам да испратам порака до сите навивачи на Белгија и оние кои навиваат за нашата репрезентација. Чувствувам неверојатна љубов и чест кога ја претставувам мојата земја на теренот, бидејќи и самиот сум навивач на „црвените ѓаволи“. Се чувствувам привилегирано што можам да го носам дресот на Белгија, дрес кој не можев да го замислам ниту во моите најлуди соништа. За жал, по она што се случи со селекторот и моето размислување, решив повеќе да не играм за Белгија додека тој е селектор. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба кон него не би била добра за атмосферата во соблекувалната. Имав разговор и со федерацијата која го привати мојот став и причините што доведоа до оваа болна одлука. Жалам што некои навивачи ќе бидат разочарани, но знам дека ова е најдобриот начин за Белгија да се фокусира кон остварување на своите цели“, напиша Куртоа.