Тибо Куртоа е подготвен пред големата мечот со Арсенал во Лигата на Шампионите.
Белгискиот голман тренираше на исто ниво со останатите фудбалери на Kралскиот клуб, што јасно укажува дека целосно се рехабилитирал од повредата и ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти.
Ова е повеќе од добредојдена вест за италијанскиот стратег, особено по повредата на Андриј Лунин пред мечот со Валенсија. Анчелоти мораше да му укаже доверба на младиот Фран Гонзалес, кој имаше тежок деби-натпревар бидејќи Реал Мадрид загуби на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-2.