Фудбалерот на Челси, Тиаго Силва ќе се врати во родниот Флуминенсе, дознава „Ге Глобо“.
Тиаго веќе најави дека ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот на сезоната, по истекот на неговиот актуелен договор.
На овој начин ќе заврши четиригодишниот престој на реномираниот стопер на „Стемфорд Бриџ“.
Силва досега има одиграно 151 натпревар во дресот на двократниот европски првак. Како член на Челси, тој постигна девет гола и трипати му постави гол на еден од своите соиграчи, а во рацете го фати и трофејот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите.
Бразилецот ќе потпише двегодишен договор со Флуминенсе каде настапуваше на крајот на 20-тиот и почетокот на 21 век. За сениорскиот тим настапуваше во 2006 година, а претходно играше за РС Футебол, Хувентуд, Порто и Динамо Москва.
Во првата фаза од кариерата се бореше со многу тешкотии, а токму периодот во Флуминенсе беше отскочна даска за фудбалерот кој подоцна ќе стане синоним за квалитет на позицијата централен дефанзивец.