Фудбал

Тешка повреда заработи Марк Андре Тер Штеген

Тешка повреда заработи Марк Андре Тер Штеген

Голманот на Барселона Марк Андре Тер Штеген заработи тешка повреда на коленото, а според првите прогнози ќе отсуствува од седум до девет месеци.

Откако Тер-Штеген незгодно се приземји по еден корнер на последниот меч на Барселона, веднаш се фати за коленото и беше изнесен на носилки.

Работите да бидат уште полоши он е вториот играч за кого оваа сезона е завршена, претходно истото му се случи на младиот Марко Бернал. Тој против Рајо Ваљекано ги скина лигамнетите во коленото и ќе паузира околу 12 месеци.

 

To top