Фудбал

Тешка повреда на фудбалерот на Барселона, сезоната за него е завршена

Тешка повреда на фудбалерот на Барселона, сезоната за него е завршена

Фудбалерот на Барселона Марк Бернал претрпе тешка повреда на коленото по дуелот со Иси и за  младиот играч од средниот ред на Барселона сезоната е завршена и на фудбалските терени ќе се врати за девет месеци се првите прогнози.

„Никој во соблекувалната не е среќен. Повредата на Бернал не изгледа добро. Мораме да ги почекаме тестовите“, рече тренерот на Барселона Ханси Флик по завршување на мечот.

„Првото полувреме не беше добро, не вршевме пресинг како што требаше и изгледавме лошо. Во второто се поправивме и на крајот победивме. Ја заслуживме победата, замените ни овозможија да изгледаме подобро во вториот дел од натпреварот. Сега би бил посреќен ако ја немаше повредата на Бернал. Вака, не сум среќен“, истакна тренерот на Барселона.

To top