Победата на Наполи над Интер од 31:, во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне.
Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот.
Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици.
Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен проблем со мускулот.
Иако Де Брујне изгледаше смирен по натпреварот, медицинскиот тим на Наполи не сака да ризикува со оглед на неговата неодамнешна историја на повреди.