Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потпиша нов договор со клубот, објави официјалниот сајт на тимот од „Олд Трафорд“.
Новиот договор со 54-годишниот фудбалски стручњак е со важност до јуни 2026 година.
Претходниот договор на Холанѓанецот истекуваше на крајот од сезоната 2024/25.
Тен Хег е на чело на Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Минатата сезона „црвените ѓаволи“ завршија на 8. место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.