Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз од Борнмут во Премиер лигата, а тој неуспех на „Олд Трафорд“ дојде неколку дена пред големиот предизвик наречен Баерн Минхен, односно Лига на шампиони. Менаџерот Ерик тен Хаг вели дека неговата екипа е поопасна токму поради фактот што е непостојана со настапите.
– Не сме постојани на теренот, но играме добро.Ако настапиме со потребниот пристап, можеме да победиме секого, – рекол Тен Хаг, алудирајќи на пресметката со Баерн, кој веќе си го обезбеди првото место во групата.
Јунајтед ризикува да заврши на последното место и да остане без европска пролет, а може да се надева на место во Лига Европа со реми против Баерн и победа на некоја од двете екипи на другиот натпревар во групата.