Фудбал

Тен Хаг му одговори на Кристијано Роналдо

Тен Хаг му одговори на Кристијано Роналдо

Неодамна критики кон работата на Ерик Тен Хаг имаше и Кристијано Роналдо. Португалецот истакна дека кога сте тренер на Манчестер Јунајтед не смеете да кажете дека нема да се борите за трофеи.

Според португалскиот ас секој тренер на Јунајтед мора да атакува на титули. Сега, Тен Хаг одлучи да му одговори.

„Тој е многу далеку од Манчестер, има свое размислување и тоа е во ред. Кристијано кажа дека Манчестер Јунајтед не може да ја освои Премиер лигата, ако подобро го прочитате текстот. Сега Роналдо е далеку, во Саудиска Арабија, далеку далеку од Манчестер. Сите смеат да имаат свое размислување, тоа е нормално“, изјави Тен Хаг.

To top