Ерик тен Хаг останува оптимист дека сезоната не е целосно загубена за Манчестер Јунајтед, па и покрај променливите игри очекува подобар втор дел и остварување на дел од амбициите.
Менаџерот на Јунајтед го анализирал ремито со Ливерпул, истакнувајќи ја важноста на освоениот бод.
– Мислам дека одигравме добро, го реализиравме тоа што го договоривме претходно, а играчите беа максимално пожртвувани. Моите забелешки се во однос на поседот на топката, можевме подобро да комбинираме и да им создадеме повеќе проблеми, но и ваква имавме шанси со кои можевме да го добиеме натпреварот. Ливерпул е одличен офанзивен тим, мора да се браниш многу дисциплинирано, па комплименти за тоа како го изведовме тој дел. Имаме добра екипа и мислам дека можеме да извлечеме нешто добро од оваа сезона, – рекол Тен Хаг.