Фудбал пак пропуштени два гола разлика

Тен Хаг: Јас сум секогаш виновен

Тен Хаг: Јас сум секогаш виновен

Ерик тен Хаг и Манчестер Јунајтед си ги намалија шансите за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи по ремиto против Галатасарај, англискиот претставник зависи и од другите екипи.

Менаџерот по средбата зборувал за случувањата во Истанбул, како и за одговорноста за незадоволителното реми, посебно поради фактот што Јунајтед два пати имаше предност од два гола.

– Секогаш сум јас виновен, јас сум одговорен за резултатот. Ние сме дел од проект, имаме напредок, па тоа дава надеж. Се движиме во вистинска насока и знам дека ќе бидеме успешни на долги патеки, но ако сакаме да останеме во Лигата на шампионите, мора да победуваме на вакви натпревари. Моравме да ги освоиме трите бода и тоа е јасно, – изјавил Тен Хаг.
To top