Ерик тен Хаг ќе биде под императив да испорача подобри резултати во вториот дел од сезоната за да ја задржи својата позиција во Манчестер Јунајтед, а еден од играчите кои не му помагаат премногу е Антони Марсијал.
Покрај честите повреди, Французинот делуваше неубедливо на теренот кога добиваше шанса, а изминатиов период не тренираше поради вирусно заболување.
Менаџерот воопшто не бил задоволен од актуелната физичка подготвеност на Марсијал, па го испратил на индивидуални тренинзи се додека не е доволно фит за да конкурира за место во тимот.
Ова значи дека Французинот дополнително ќе паузира и нема да тренира и да се подготвува со соиграчите за дел од наредните натпревари, иако медиумите потенцираат дека нема конфликт меѓу двајцата