Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, призна дека ги гледал настапите на Џејден Санчо со Борусија Дортмунд и не е изненаден од добрите игри на Англичанецот, но ништо не се променило во врска со неговата иднина на „Олд Трафорд“ бидејќи проблемот не е во неговите непобитни фудбалски квалитети.
Холанѓанецот додаде дека Алехандро Гарначо, кој во текот на неделата лајкуваше објави на социјалните мрежи насочени кон Тен Хаг, се извини за своите постапки и нема проблем меѓу него и менаџерот.
-Секако дека го следам фудбалот и играчите кои се позајмени во други клубови. Натпреварот помеѓу Дортмунд и Атлетико беше фантастичен. Одличниот настап на Џејден и Борусија е добра вест. Знам дека тој е фантастичен играч, па не е изненадување. Не е тоа поентата. Алехандро Гарначо е млад фудбалер кој има многу да научи. Тој се извини и тоа сега е зад нас, изјави Тен Хаг.