Килијан Мбапе од 1. јули официјално ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид, пренесува шпанската „Марка“. Францускиот голгетер пред две недели потпишал договор со шпанскиот клуб каде ќе биде најплатениот фудбалер.
Мбапе во Реал Мадрид ќе се пресели како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион во изминатиот период се обидел да дојде до договор за продолжување на соработката, но 25-годишниот ги одбил понудите со цел да го оствари детскиот сон.
Договорот помеѓу еден од најдобрите фудбалери на денешницата и еден од најтрофејните клубови во историјата ќе биде петгодишен со заработка од 20 милиони евра по сезона, а ќе добива и големи бонуси од маркетиншки права.