Според „Кадена Сер“, судиската комисија откако ја преслуша веќе објавената аудио снимка од комуникацијата меѓу двајцата судии, оцени дека Хернандез Хернандез направил две грешки.
Првата е тоа што во пенал ситуацијата, судијата на ВАР се фокусираше само на играњето со рака на Каики, што беше неспорно, но не го сврте вниманието на судијата дека треба да се разгледа целата ситуација и Хернандез Маесо да процени дали има какви било прекршоци од Рудигер и Хоселу.
Втората грешка е тоа што при ударот на Винисиус Жуниор, кој судијата го отфрли на теренот поради потенцијална игра со рака, Хернандез Хернандез се вмеша и го повика Марес пред мониторот, кога немаше доволно прецизни снимки за да докаже дека напаѓачот играл со рамо, а не со рака.
Со други зборови, во оваа ситуација нема докази дека главниот судија направил грешка. Поради оваа причина, ВАР не требаше да интервенира.