Столе Димитриевски во јануарскиот тпреоден рок би можел да ја засили екипата на Барселона како замена за повредениот Марк Андре Тер Штеген.
Тер Штеген се повреди против Виљареал и според најавите нема да се врати на терените порано од осум месеци, сезоната за него дефинитивно е завршена.
Се споменуваа голмани кои се без клуб како опција за Барселона во овој момент, но според последните најави во Барселона би можеле да го остават Инаки Пења до јануари, па во зимскиот преоден рок да доведат нов чувар мрежата.
Димитриевски летово пристигна во Валенсија, но таму е резерва на Мамардашвили и не се исклучува можноста да ја промени средината. Ќе потсетиме, Димитриевски во минатото беше блиску до трансфер во Барселона и изгледаше дека трансферот ќе се реализира, меѓутоа на крајот зделката пропадна затоа што тогашниот резервен голман Нето одби да го напушти клубот.
BREAKING: Hansi Flick and Deco to meet in a few hours to decide Barca’s next goalkeeper.
Stole Dimitrievski is emerging as a strong option. pic.twitter.com/yIlddWrcd9
— InsideTransferz by Gio Zanetti (@InTrasferimenti) September 24, 2024