Германскиот селектор Јирген Клоп одби да ја преземе селекторската функција на клупата на Соединетите Американски Држави.
Неодамнешниот стратег на Ливерпул по заминувањето од клупата на тимот од „Енфилд“ изјави дека сака да паузира најмалку една година од фудбалот, а притоа не исклучи можност воопшто да не се врати на тренерската работа. Сепак, неговите зборови не значат дека нема повици од разни страни.
Конкретно го контактирале Американците, но Јирген Клоп љубезно им се заблагодарил за понудата, пренесува „Атлетик“.
Американците сакаа тој да го замени Грег Берхалтер, кој доби отказ по разочарувачкиот настап на Копа Америка и елиминацијата од групната фаза.
Јирген Клоп е некој кој се поврзува со Баерн, Барселона, германската репрезентација… Сепак, сигурно е дека нема да работи некое време, но ќе биде многу возбудливо да се види каде ќе продолжи и дали ќе ја продолжи кариерата.