Фудбалерот на Челзи, Рахим Стерлинг наскоро може да го напушти клубот од Лондон, објави новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи.
Пред затворањето на преодниот рок на фудбалерот ќе му бидат понудени опции за продолжување на кариерата.
Самиот играч е отворен за преселба во Манчестер јунајтед доколку има конкретен интерес од „Црвените ѓаволи“.
Во моментов Стерлинг не преговара со ниту еден клуб.
Во сезоната 2023/24. Стерлинг одигра 43 натпревари за Челзи во постигна 10 гола и осум асистенции. Неговиот договор е до летото 2027 година.