Фудбал

Стефано Пиоли пред ангажман во Рома

Стефано Пиоли пред ангажман во Рома

Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, наскоро би можел да се врати на големата сцена во италијанскиот фудбал, откако медиумите од Апенинскиот полуостров известуваат дека е многу блиску до договор со Рома.

Како што објавува угледниот весник Ла Република, преговорите меѓу Пиоли и управата на „волчицата“ се во напредна фаза, и се очекува брзо официјализирање на соработката.

Иако Пиоли моментално работи како тренер на саудискиот Ал Наср, италијанскиот стратег наводно е определен повторно да се врати на работа во Европа.

To top