Фудбал ФФМ

Стартуваше младинската фудбалска Супер лига, убедливи победи на фаворитите

Бранителот на титулата Работнички славеше со 5:0 во соочувањето против Струга Трим Лум. На овој натпревар четири пати прецизен беше Беркај Шаини.

Стартуваше младинската фудбалска Супер лига, убедливи победи на фаворитите

Викендов почна новата сезона во младинската Супер лига и уште на стартот екипите кои важат за фаворити за шампионскиот трофеј забележаа убедливи победи.

Најубедлив беше Вардар кој со 9:0 го совлада Башкими. Иво Марковски и Мартин Јанчевски по три пати се запиша меѓу стрелците додека два гола беа Никола Ристевски.

Бранителот на титулата Работнички славеше со 5:0 во соочувањето против Струга Трим Лум. На овој натпревар четири пати прецизен беше Беркај Шаини.

АП Брера триумфираше над Тиквеш со 7:0. Натпреварот го одбележа хет-трикот на Иван Шириќ, а по два пати меѓу стрелците се запишаа Габриел Талески, Матеј Сејменов и Иван Тачев.

Шкендија во дуелот со Скопје забележа победа од 6:0 и за разлика од претходните мечеви на овој шест различни играчи ја затресоа мрежата на противникот.

Пелистер го совлада Арсими со 3:1, а со истиот резултат Њу Старс ги освои бодовите против Охрид Лихнидос.

Шкупи беше поуспешен од Брегалница и славеше со 5:1, а во последниот натпревар од првата рунда во младинската Супер лига, Македонија го совлада Тетекс со 2:1. (МИА)

To top