Лука Станковски имаше деби од соништата во дресот на Македонија.
Во својот прв официјален натпревар во репрезентативниот дрес Станковски постигна гол-првенец, откако во самиот финиш стави печат на победата над Лихтенштајн (5-0).
По средбата не го криеше задоволството од деби-голот, но и од победата на Македонија.
„Нормално дека ми е мило за погодокот, ова е сон на секој фудбалер, но најважно од сè е што Македонија победува и добро е што од натпревар во натпревар играме сè подобро и подобро. Македонија на секој натпревар оди на победа, ниту еден противник не е лесен, но ние сме среќни за трите бода. Оваа Македонија оди на победа на секој натпревар“, рече дебитантот.