Фудбал

Станиќ: Штета за поразот од Италија бидејќи на моменти бевме подобри

Станиќ: Штета за поразот од Италија бидејќи на моменти бевме подобри

По натпреварот до 21 година помеѓу Македонија и Италија на прес-конференцијата зборуваше селекторот на нашиот национален тим Горан Станиќ кој го анализира одиграното.

„Пред сè сакам да се заблагодарам на градот Битола за организацијата на овој натпревар. Нема потреба да зборуваме за Италија која е фаворит во групата. Ова беше тешка средба, отворивме исто како против Полска

Во првите 20 минути играчите како да ја преценија Италија, а потоа се опуштивме и почнавме да играме. Штета е за нас, бидејќи играчите го дадоа својот максимум. Минаа двата натпревари против фаворитите во групата. Ако продолжиме вака, ќе освоиме со доста бодови. Проблем ни е отворањето на натпреварите, кое се покажа овој циклус. Концентрацијата наша беше на пониско ниво, ривалот беше квалитетен и тука се виде разликата во тоа кај играат играчите кои доаѓаат од многу посилни лиги. И покрај сè, одигравме егал, а можеби бевме на моменти и подобри од големиот фаворит.

Примивме гол од невнимание, не покривме како што треба. Италијанците во свој стил најмала грешка казнија. Ние имавме повеќе такви шанси, но не реализиравме. Не постигнуваме гол и тогаш џабе подготвуваме тактики и шаблони ако грешиме додавање во последната зона. Денес имавме и шутеви, но не погодивме. Немаме многу време како репрезентација да ги тренираме играчите и се надеваме дека добро ќе работат во клубовите“, изјави Станиќ.

Македонските надежи во октомврискиот репрезентативен прозорец ќе ја дочекаат Ерѓенија на 10 октомври, исто така во Битола.

Четири дена подоцна момците на Станиќ ѝ гостуваат на Црна Гора.

To top