Фудбал пред финалниот меч од Лигата на Европа

Сон: Верувам дека можеме да дојдеме до трофејот

Сон: Верувам дека можеме да дојдеме до трофејот

Пред мечот со Манчестер Јунајтед во финалето на Лига Европа, пред новинарите зборуваше капитенот на Тотенхем, Хјун Мин Сон.

„Тука сум десет години и утре може да биде историски момент за мене ако го освоиме трофејот. Имавме заедничко дружење пред ова финале, имаме заедништво во екипата, иако ова беше тешка сезона за нас. Се вратив од повреда, но добро се чувствувам. Физички сум подготвен, а и целата екипа е спремна за најголемиот предизвик сезонава. Финале е и не е многу важно против кој ривал играме. Ќе биде тешко, но да се концентрираме на самите себе си, а не на противниот.

Многу го почитувам тоа што моите корејски фанови ќе го бодрат Тотенхем во раните утрински часови и се надевам дека ќе ги израдувам.

Одличен пријател сум со Хари Кејн, но тој веќе е на одмор и не сакам да го вознемирувам, барајќи совет. Пред шест години го играв моето прво финале и бев многу нервозен и не верував дека играм финале на Лигата на шампионите. Сега сум посмирен и го подготвувам финалето на поинаков начин. Штом стигнете во едно финале сигурно имате свои квалитети, па така е и со Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Имавме одлични сезони и многу лоши моменти, но верувам дека може да ја смениме тенденцијата.

Никогаш не знаеме што носи иднината и не сакам да размислувам за другите работи, туку само како да го освоиме трофејот. Не треба никого посебно да мотивирам, ова е финале и треба да останеме заедно до самиот крај“, рече Сон.

Во новиот милениум Тотенхем го освои само англискиот Лига Куп, со Хуанде Рамос како менаџер од клупата.

To top