Веќе нема сомнеж дека Арне Слот ќе биде следниот менаџер на Ливерпул.
Пред една недела и самиот тренер на Феенорд потврди дека се водат преговори. Тогаш беше објавено дека двата клуба се договориле за сумата што „црвените“ ќе ја платат. Слот денеска повторно беше прашан за оваа тема, а тој не одби да зборува.
-Се уште ништо не сме потврдиле. Иако е така, мислам дека не е фер за клубот за кој моментално работам или за клубот во кој би можел да одам. Со задоволство ќе одговорам на сите прашања штом ќе биде објавено официјалното соопштение. Прилично сум сигурен дека тоа ќе се случи, но се уште ништо не е официјално потврдено. Има време и место за тоа, а тоа време не е дојдено. Ни остануваат уште три натпревари, исто како и на Ливерпул, изјави Слот.
Феенорд најверојатно ќе заврши на второто место во Ередивизи бидејќи заостанува девет бода зад ПСВ Ајндховен со три кола до крајот. Минатата година тимот од Ротердам беше шампион на земјата, но оваа ќе мора да се задоволи со титула во холандскиот Куп, кој го освои во април.